Телевизорот Samsung 110″ 4K HDTV веќе може да се нарача во претпродажба во Кина, Блискиот исток и во некои земји во Европа. Цената на овој 110 инчен телевизор е неверојатни 152.000 долари, пишува LA Times. Неговата помала верзија, 85 инчниот, се продава за 40.000 долари.
Погледнете го видеото и одлучете дали новата генерација телевизори вреди толку пари, кога, како што пишува весникот, за тие пари може да се купи нов луксузен автомобил.