Термо мапа што насочува според временските услови

21

img_8_1438015987_03ff2ca2817f3f77002f62d9a21a1035Bath °C thermo color map е рачна мапа која со помош на термохромични мастила и tyvek ткаенина реагира на различни температури и временски услови.

img_7_1438015987_a11f2fe73631235b908b2638249cfdc0

На мапата се прикажуваат рачно нацртани згради и туристички атракции, коишто покажуваат каде е најдобро да отидете според моменталните временски услови.

На пример, кога времето е топло на мапата во розова боја се прикажуваат реки и езера.

thermo-color-map-designboom-01-818x966

Таа е дизајнирана да може да се свитка во ролна кога не се употребува и без проблем може да ја собере во вашата чанта.

Untitled

Мапата е водоотпорна и не се витка така што не мора да се грижите при транспортот. Изумот е дело на Камила Хемплмен и го прикажува нејзиниот роден град Бат во Англија.