TERRA! – саморастечка фотелја од трева

91

6terra-corretta_low

Италијанската компанија Studio Nucleo создаде лесен начин со којшто купувачот може сам да си израсне фотелја од трева во дворот. Изумот е наречен TERRA!, а целата потребна опрема доаѓа спакувана во картонска кутија. Процесот е прилично едноставен – сè што треба да направите е да ги составите деловите од префабрикувана картонска рамка во вашиот двор и да додадете малку ѓубриво. Потоа само чекате вашиот мебел да “порасне” за да може да седнете.

Откако ќе се состави рамката од картон, се користи глина како материјал за основата и се нанесува земја до врвот. Потоа се додава тенок слој на песок и одозгора се сее трева. Ако секојдневно се грижите за TERRA! и редовно ја полевате со вода, за два месеца ќе ја добиете вашата фотелја.

Тимот има своја кампања на Kickstarter од каде може да се нарачува опрема за фотелја, софа или софа со додатоци, за купувачот да си креира сопствена гарнитура за седење во дворот. Досега од кампањата имаат собрано над 12.000 евра од побараните 15.000, а преостануваат уште пет дена.