Tesla ги прекина плановите за производство на батерии во Германија

79

Tesla ги прекина плановите за производство на батерии во германската сојузна покраина Бранденбург и планира да пренесе дел од производствениот процес во САД поради поповолни даночни олеснувања, објави Министерството за економија на Бранденбург.
Американскиот производител на електрични автомобили првично планираше целиот производствен процес да го лоцира во општина Грунехајде, со најголем капацитет од над 50 гигават часови годишно.

Откако САД им понудија даночни олеснувања на производителите на електрични возила за купување на домашно произведени батерии, компанијата го промени својот план.

„Тесла започна со производство на батериски системи во Груенхајд и се подготвува да произведе компоненти за батериски ќелии. Во следните производни чекори тие им дадоа приоритет на САД, бидејќи бизнисот таму е поповолен поради даночните олеснувања“, објаснуваат од Министерството за Бранденбург.

На крајот на јануари Тесла објави дека ќе инвестира повеќе од 3,6 милијарди долари во проширување на комплексот гигафабрики во Невада, кој требаше да добие две нови фабрики, за масовно производство на долго одложуваниот полуелектричен камион и новата батерија 4680.