Тесла ќе претстави роботакси на осми август

25

Тесла ќе го претстави својот производ роботакси на 8 август, напиша извршниот директор Илон Маск  во објава на социјалната мрежа Х.

Маск со години зборува за проектот за роботакси и тоа би можело да претставува голема нова зделка за производителот на автомобили бидејќи инвеститорите се претпазливи кон компанијата во период на забавување на растот, пишува SEEbiz.

Акциите на Tesla пораснаа повеќе од три отсто во продолженото тргување по твитот на Маск.

Маск го откри датумот во петокот, откако Ројтерс објави дека плановите за долгоочекуваниот буџетски модел на Tesla се откажани. Мултимилијардерот тогаш го обвини Ројтерс дека „лаже“.

Целта на Tesla е да ги претвори своите возила во автоматизирани возила од трето ниво со помош на напредна технологија, вклучително и роботски такси.