Tesla ќе произведува автомобили во Кина

53

Tesla доби зелено светло за производство на автомобили во Кина, пишува BBC.

Производителот на електрични возила, чијшто сопственик е милијардерот Илон Маск, гради фабрика вредна две милијарди долари во Шангај.

Tesla планира неделно да произведува најмалку 1.000 модели од автомобилот Model, а фабриката најверојатно ќе започне со работа за три недели.

Така  американската компанија ќе овозможи пристап до кинескиот пазар, којшто е воедно и најголем пазар за автомобили.

Фабриката, исто така, ќе помогне Tesla да ги одбегне високите увозни цени коишто Кина им ги наметнува на автомобилите напрвени во САД.

Таканаречената Gigafactory 3, е првата фабрика за автомобили во Кина, што во целост припаѓа на странски сопственик.

Фото: Facebook