Tesla произведе 2 милиони автомобили во фабриката во Фримонт

113

Фабриката на Tesla во Фримонт, Калифорнија го произведе својот 2 милионити електричен автомобил, а честа да го носи бројот 2.000.000 му припадна на Model 3.

Покрај Model 3, оваа фабрика ги произведува и Model Y, Model S и Model X.

Извршниот директор на Tesla, Eлон Маск, му честиташе на тимот во фабриката Tesla Fremont, како и на Giga Nevada (која испорачува компоненти, вклучувајќи ги и батериите 2170 за Модел 3/Модел Y) .

Кумулативно, компанијата Tesla веќе има произведено и испорачано повеќе од 2,9 милиони автомобили Tesla (од 2008 година, кога беше лансиран оригиналниот Tesla Roadster). Тоа значи дека преостанатите 900.000 автомобили доаѓаат од други локации (речиси целосно од фабриката во Шангај).