Фото: Youtube
Американската компанија Heatworks претстави компактна, проѕирна машина за миење на садови, којашто не се поврзува со водовод. Tetra може да се постави било каде благодарение на малите димензии, а потребно е само стандарден штекер за да се приклучи во струја.
Капацитетот е нешто помал од стандардните машини. Tetra има две прегради каде што може да смести 10 чинии или 12 стаклени чаши, а со поинаква организација може да се смести и прибор за јадење, помали чаши и длабоки чинии. Околу два литри вода се става рачно за едно миење, а во машината има и резервоар за детергент.
Она што е најинтересно е тоа што таа е проѕирна и корисникот може да гледа додека се мијат садовите. Tetra работи со помош на патентирана технологија наречена Ohmic Array и машината нема никакви метални елементи што можат со текот на времето да кородираат. Наместо тоа, користи графитни електроди и напредна електронска контрола коишто овозможуваат водата да ја загреат сопствените природни минерали.
Корисникот со помош на програмата прецизно ја регулира температурата, па така може и да се стерилизираат бебешки шишиња, да се мијат пластични елементи, да се готви морска храна, да се мие овошје и друго.
Tetra ќе чини помалку од 300 долари, а на пазарот ќе се најде кон крајот на годинава.