Тежок месец за Tesla во Европа: Февруари забележа голем пад во продажбата!

На Tesla во последно време не ѝ оди најдобро, а европскиот пазар е доказ за тоа. Според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), Tesla продал 11.743 автомобили во февруари 2025 година, во споредба со 22.181 автомобил во истиот месец минатата година.

Тесла во првите два месеци од годинава продал 19.046 автомобили, а во истиот период лани 37.311 возила.

Ова се сериозни проблеми за Tesla, бренд кој полека се приближуваше до европските премиум конкуренти. За споредба, BMW продаде 48.829 возила во Европа минатиот месец. Можеби ситуацијата малку ќе се подобри за Tesla кога ќе започнат испораките на обновениот Model Y.