Тинејџерката Анушка Наикнавер од Орегон измисли фластер преку кој лекарите ќе може да ги следат промените на повредата без истиот да се отстрани. На меѓународниот научен натпревар на Google, 13 – годишната Анушка го освои првото место и стипендија од 15.000 долари.
Честото менување на завои за да се провери нивото на влажност може негативно да влијае на здравјето. За да го реши овој проблем, Анушка дизајнира и тестира фластер во којшто се вградени мали монитори преку кои ќе може да се утврди нивото на влажност и дали фластерот треба да се промени. Таа креирала и сензори со печатење на фрактален модел користејќи мастило што содржи наночестички, кои може да детектираат кога нивото на влажност ќе се намали.
Изумот на ова девојче освен што би ја олеснила работата на лекарите, го забрзува и процесот на лекување, пишува CTV News.
Фластерот е дизајниран првенствено да им служи на пациентите со хронични повреди што се појавуваат кај постари луѓе и дијабетичари на кои им е потребен подолг период да се излечат раните.
Американските медиуми пишуваат дека овој фластер би можел да се користи и за воени цели, бидејќи може да им помогне на повредените војници побрзо да ги излекуваат раните.