Тip of the Week ве наградува – мотивација за секоја дестинација 

42

13754547_1764960773743499_7308854362227203408_n

Tip of the week ве мотивира, едуцира и ве наградува преку предизвикот Тip of the Week – Мотивација за секоја дестинација.

Сè што треба да направите е да постирате фотографија од Вашето дружење со Tip of the week прирачниците на вашата моментална дестинација, заедно со хаштагот #ТоWmotivacija на нашата Facebook Fan страница. Секој понеделник до 31.08.2016 година, две слики што имаат најмногу допаѓања до 09 часот, ќе бидат наградени со брендирана Tip of the Week чаша/чадор. Победниците ќе бидат објавувани секој понеделник во 12 часот.

Дали сте на плажа ова лето, планина или пак трудољубиво работите на вашите работни места, Tip of the week секогаш ви помага да се справите со идните предизвици.

Уживајте во летото, фотографирајте се и #TipoftheWeek нека биде вашата мотивација за секоја дестинација!

Tip of the Week® #1 е најпродаваниот прирачник за личен и професионален развој во Македонија, а минатата година излезе и Tip of the Week® #2. Прирачниците Tip of the Week® се наменети пред сѐ за деловни професионалци, така што компаниите може директно да го нарачаат од Македонија-Експорт Консалтинг, а индивидуални примероци може да се купат во книжарниците Култура, Три, Матица, Икона, Табернакул и Office plus.

Мотивирачките совети можете да ги читате и на Бизнис Инфо.