Типови на личности со кои е тешко да се работи

72

team-2651913_960_720

Фото: Pixabay

Водењето на бизнис би било полесно ако не треба да менаџирате со луѓе. Колку компанијата е поголема, толку е потешко да се надгледува секој вработен. Успехот доаѓа кога постои добра работна средина и тимот меѓусебно соработува. На работното место може да сретнете посветени работници кои работат напорно да ги завршат работите. Овие личности се лесни за менаџирање, но постојат и личности кои се “тешки“ за работната средина.

Во продолжение прочитајте кои се најтешките личности со кои може да се соочите на работното место и како да менаџирате со нив.

Бунтовник

Бунтовникот е “најопасен “ за управување. Овој тип на личност ужива да се однесува невнимателно и непријатно кон членовите во тимот. Кога му е досадно, намерно иницира проблеми за да се почувствува возбуда. Најефикасен начин да управувате со оваа личност е да ги ставите во посебна канцеларија или да им дозволите да работат од дома.

Драматичен

Повеќето од нас сакаат да имаат што е можно помалку драма во животот, но постојат и оние кои копнеат и создаваат драматични ситуации. Ова се типови на луѓе кои секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието. За да го привлечат вниманието што го сакаат, тие почнуваат да викаат или плачат. Најдобар начин да управувате со овие типови е да останете смирени и да ги охрабрувате што е можно повеќе.

Нарцис

Оваа личност постојано бара внимание и пофалби. Нарцисот не е емпатична личност и не се грижи за туѓото мислење, а тоа може да биде голема пречка во градење на добра работна средина. Критиките не ги прифаќа најдобро и е голем манипулатор. Најдобар начин да се справите со нарцисот е да се фокусирате на она што го прават правилно и да ги задржите во “простор“ каде ќе сакаат да ве импресионираат и бараат одобрение.

Контролор

Овој тип на личност не може да функционира ако не ги држи работите под контрола. Тие живеат со страв и ако работите не се под контрола ќе се случи нешто катастрофално. Контролорот е премногу загрижен и има навика да поставува нереални цели за себе и за другите. Колегите од тимот ги доживуваат како арогантни,  досадни и избегнуваат интеракција со нив.

Најдобар начин да се справите со оваа личност, знаејќи дека не се тимски ориентирани, е да им дозволите да работат во својата удобна зона каде што можат да ги контролираат задачите пред нив, а не луѓето околу нив.