Типови на луѓе што не ви требаат во ваша близина

35

plus

Фото: Pixabay

Кога се обидувате да го поставите бизнисот на нозе, луѓето околу вас имаат големо значење. Изреката “Со кого си, таков си” не е попусто кажана. Луѓето што се најблизу до вас ве одредуваат – на добар или на лош начин.

Тешко е да се постават нови врски и да се најдат нови пријатели кои ќе имаат место во вашиот најблизок круг, кои ќе ве поддржуваат, ќе ви помагаат, охрабруваат, мотивираат и инспирираат. Многу полесно можете да ги препознаете луѓето близу до вас кои ви пречат да одите напред. Ако препознете некој од следните типови меѓу вашите најблиски пријатели, време е да се дистанцирате од нив:

Адвокати на ѓаволот

Адвокатите на ѓаволот ретко се адвокати за било што освен за своето его и точка на гледање. Нивната “перспектива” често е само фалење во дискусиите. “Гласот на разумот” често е само гласот на егото или гласот на личност која се обидела и не успеала, па затоа мисли дека никој друг не може (поточно не треба) да успее. Околу себе држете ги луѓето кои поставуваат прашања на место, го споделуваат со вас тоа што го научиле и ви помагаат кога ќе се појави проблем. Откачете ги оние што предвидуваат пропаст само врз основа на нивното лошо искуство. Такви луѓе не ви се потребни.

Страсни обожувачи

На другиот крај на спектарот постои човек кој мисли дека се што ќе направите и ќе помислите е неверојатно, восхитувачко. Безусловната пофалба е забавна, но ретко е корисна. Никој од нас не е толку паметен, досетлив или талентиран. Често грешиме. Но исто така, често не си ги забележуваме грешките додека некој не ни ги посочи. Лесно е некому да му кажеш дека е супер. Многу, многу потешко е да му кажеш некому дека може и подобро. За тоа треба вистински пријател. Бидете фини кон обожувачите, но не обрнувајте многу внимание на тоа што го кажуваат.

Бодачи во грб

Луѓето во еден затворен круг треба да си ги чуваат грбовите еден на друг. Оние што знаат да забодат нож во грб знаат да си го чуваат само својот.

Егоцентрици

Пред Коперник, луѓето верувале дека Земјата е центар на соларниот систем. Тоа се смени, но останаа луѓе кои веруваат дека се се врти околу нив. Да се гледа личниот интерес е добро. Но егоцентричноста е за никаде. Затоа немојте да бидете Галилео и да се обидувате да им го смените умот. Само одминете ги. Полесно е. Нема ни да забележат дека сте се тргнале.

Колекционери на контакти

Градењето на врски е важно. Но вмрежувањето не е само игра на бројки. Конекциите не се крај, тие се само почеток. Премногу нови контакти значи поремногу почетоци, а малку завршетоци. Не постои начин да се изградат значајни врски со неколку стотици луѓе. Бидете добри со нив, но држете ги надвор од вашиот круг. Нив им е важно само да ве имаат во листата контакти. Тие всушност не се врзуваат.

Зомби

Некои луѓе се однесуваат како зомби. Талкаат бесцелно од задача на задача, од ден во ден, од година во година, без план, без цел. Опкружете се со луѓе кои имаат амбициозни планови, значајни цели, па дури и да се различни од вашите (веројатно и ќе бидат). Ќе се храните од нивната енергија и тие ќе се хранат од вашата. Подалеку од луѓето зомби. Тие нема да ве убијат, но дефинитивно ќе ви ги убијат мотивацијата и ентузијазмот.