ToothShower – туш за темелно чистење на забите

206

a21f867d0b9d2a748200dcca6005f1aa_original

Фото: Kickstarter

Тим од Филаделфија го креираше првиот систем во светот за комплетна хигиена на устата и забите. ToothShower не користи батерии и функционира со помош на притисокот од водата во тушот. Според тимот, темелно ги чисти забите, непцата и јазикот, односно овозможува 100% орална хигиена, за разлика од 60% кај обичното чистење со четка.

Системот лесно се монтира кај доводот со вода во кадата или туш кабината. ToothShower е составен од три различни делови: двојна четка за заби, црево за плакнење и масажер за непца.

Двојната четка истовремено ги чисти двете страни од забите, а силиконскиот дел е одговорен за хигиена на јазикот. Со помош на цревото се мијат деловите меѓу забите, а особено е добро за оние кои носат протези. Масажерот го стимулира протокот на крв со помош на седум млазови вода. Корисникот може да го прилагоди чистењето директно од уредот, односно да го регулира притисокот на водата и нејзината температура.

Тимот работеше на производот повеќе од две години и сега ToothShower има своја кампања на платформата Kickstarter каде досега има собрано 110.252 долари од побараните 25.000. Кампањата трае уште 15 дена.