Toyota Motor Company е светски лидер во продажба на возила петта година по ред

Компанијата „Тојота“ е светски лидер во продажбата на возила петта година по ред, пред сè благодарение на силната продажба на хибридни возила, покажуваат денеска објавените податоци од јапонската компанија.

Toyota Motor, групацијата која го вклучува производителот на мини автомобили Даихатсу Мотор и производителот на камиони Хино Моторс, продаде 10,82 милиони возила минатата година, што е за 3,7 отсто помалку од 2023 година, се вели во соопштението.

Јапонската групација успеа да го надмине најголемиот ривал, германскиот Фолксваген, кој продаде 9,03 милиони возила минатата година, пренесува новинската агенција Кјодо.