Трамп го избра Ендрју Фергусон за нов шеф на Федералната трговска комисија

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека нов шеф на Федералната трговска комисија (ФТЦ), агенцијата задолжена за антимонополските процеси и заштитата на потрошувачите, ќе биде републиканецот Ендрју Фергусон.

На таа позиција тој ќе ја замени претставничката на Демократската партија, Лина Кан, која стана позната по антимонополските истраги против големите корпорации како Амазон, Мајкрософт или Мета, пренесува „Њујорк тајмс“.

„Ендру има докажано искуство како борец против цензурата од големите технолошки компании и бранител на слободата на говорот во нашата голема земја“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Фото: Pixabay