Трамп лансира сопствена валута- предизвика невиден интерес кај крипто-инвеститорите

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја претстави својата официјална меме криптовалута наречена TRUMP, што предизвика силна реакција на пазарот на криптовалути.

За помалку од еден час, еден трговец заработил огромни 20 милиони долари во првиот час од објавувањето.

Трамп го објави лансирањето на својата нова криптовалута на својата социјална мрежа Truth Social.

„Моето официјално меме Трамп е тука! Време е да прославиме се за што се залагаме: ПОБЕДИ, напиша Трамп.

Криптовалутата беше развиена на платформата Solana (SOL) и првично имаше вкупно 200 милиони токени. Сепак, вкупната понуда ќе се зголеми на една милијарда во следните три години.

По објавувањето, цената на криптовалутата TRUMP вртоглаво се искачи од првичните 0,18 долари на 3,7 долари.

Во моментов, TRUMP вреди 7,1 долари, што претставува неверојатни 4000% зголемување од основањето, со пазарна капитализација од 6,8 милијарди долари.

Еден трговец реагираше брзо и купи скоро 6 милиони TRUMP токени за приближно 1,1 милиони долари во USDC. За само 90 секунди, вредноста на таа инвестиција порасна на 23 милиони долари.

Досега има продадено само мал дел, но сепак поседува 5,43 милиони TRUMP токени, што му донесе повеќе од 20 милиони долари профит, според податоците на Lookonchain.

Лансирањето привлече голем број корисници, но покрена и прашања за безбедноста и можна кражба на профили. Сепак, најголемо внимание во крипто заедницата моментално привлекува порастот на цената на TRUMP и огромниот профит на трговците.

Meme coin е криптовалута инспирирана од интернетските мемиња, шеги или популарна култура, често создадена како забавен или шпекулативен проект.

Овие валути обично немаат силна техничка основа или вистинска корист како некои други криптовалути, но нивната вредност често се зголемува поради популарноста на социјалните мрежи, заедниците што ги поддржуваат или јавниот интерес.

Примери на познати меме монети се Dogecoin и Shiba Inu.