Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Американскиот претседател Доналд Трамп го објави номинирањето на Џон Јовановиќ, американски финансиски експерт со српско потекло, за директор на Експорт-импорт банката на САД (EXIM).

„Горд сум што го назначив Џон Јовановиќ за претседател и извршен директор на Експорт-импорт банка на Соединетите држави (EXIM)“, рече Трамп, пренесе Си-Ен-Ен.

„Џон ќе го искористи своето огромно искуство во финансиите, инвестициите и развојот на бизнисот во енергетските, стоките и критичните инфраструктурни сектори за повторно да ја направи Америка доминантна во енергијата и производството“, напиша Трамп на платформата Truth Social.

Јовановиќ има богата кариера во приватниот сектор и финансиите, а негова задача ќе биде да ја зајакне EXIM банката за да го поддржи американскиот извоз и економијата.