
Претседателот Доналд Трамп во четвртокот потпиша меморандум во кој се наведува неговиот план за воведување „реципрочни царини“ за странски земји.
„Тие ни наплаќаат данок или тарифа, а и ние им наплатуваме“, рече Трамп за време на прес-конференција во Овалната соба.
Претседателот рече дека според планот, САД ќе ги третираат нетарифните политики на другите земји како нефер трговски практики кои ги оправдуваат царините како одговор.
Трамп рече дека на странските земји нема да им биде дозволено да испраќаат стоки или други предмети во САД преку друга земја.
Тој, исто така, посочи дека на пат се дополнителни царини, вклучително и за увоз на автомобили, објави Ројтерс.
„Сакаме еднакви услови за игра“, рече Трамп.











