
Доналд Трамп изјави дека го поттикнал “лудиот” Илон Маск да ја напушти неговата влада и се закани дека ќе му ги одземе државните договори на технолошкиот магнат, бидејќи ескалирачката дебата околу предлог-законот за буџетот на американскиот претседател предизвика огорчено јавно несогласување со неговиот најголем финансиер.
“Илон ‘се потроши’, го замолив да замине”, објави Трамп на својата платформа Truth Social.
“Наједноставниот начин да заштедиме финансии во нашиот буџет, милијарди и милијарди долари, е да ги стопираме државните субвенции и договори за Илон.”
Акциите на “Тесла” забележаа пад од над 15 отсто денес, со загуби кои надминаа 100 милијарди долари во пазарната вредност, поради интензивирањето на препирката помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Илон Маск, главниот извршен директор на компанијата за електрични возила.