TreeWifi – куќичка на дрво што обезбедува бесплатен Wifi кога воздухот не е загаден

37

Schermafbeelding-2016-05-17-om-17.22.54TreeWiFi е амбициозен проект, старт-ап, чија што цел е да ја подигне свеста за загадувањето на воздхот во Амстердам на еден многу интересен начин и да ги натера жителите да придонесат за почиста околина.

Тоа е овозможено со малечка куќичка на дрво во која се вградени сензори што го мерат квалитетот на воздухот во реално време и доколку резултатите се добри, обезбедува бесплатен WiFi. Во куќичката е вградена и LED сијаличка којашто свети зелено ако воздухот не е загаден.

Проектот доби средства од Awesome Foundation Amsterdam во март и од тогаш од само еден основач, дизајнерот Јорис Лам, тимот се зголеми на петмина и доби своја канцеларија. Моментално на стартапот TreeWiFi му се потребни 6.500 евра за понатамошен развој на прототипот и за изградба на пет куќички што ќе бидат поставени на улиците во Амстердам за тестирање.

Лам се надева дека во блиска иднина ќе може да инсталира најмалку 500 вакви уреди во Амстердам и во останатите европски градови со единствена цел да се намали емитувањето на штетни гасови во воздухот со подигнување на свеста кај луѓето.