Трговската размена меѓу Русија и Кина достигна 26,43 милијарди долари во првите два месеца од оваа година или 38,5 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, соопшти кинеската царина.
Рускиот извоз во Кина во овој период е вреден 13,8 милијарди долари. Истовремено, Кина во Русија извезла стока во вредност од 12,6 милијарди.
Минатата година трговската размена меѓу овие две земји изнесуваше 148,8 милијарди долари.