Францускиот трговски синџир Карфур ќе ги замрзне цените на 100 свои производи за да им помогне на Французите, со оглед на високата инфлација.
Потегот на Карфур следи по другите водечки француски компании кои, по притисокот од владата на претседателот Емануел Макрон, исто така презедоа чекори за да им помогнат на потрошувачите во земјата да се справат со рекордните поскапувања.
Најголемиот ланец на продавници за храна во Европа „Карфур“ планира да ги замрзне цените на различните производи до 30 ноември, пишува Пословни дневник.
Во јули, францускиот нафтен гигант TotalEnergies и бродската компанија CMA објавија дополнителни чекори за намалување на цените. TotalEnergies ќе ги намали цените на горивото на своите бензински пумпи низ Франција од 1 септември до крајот на годината, додека CMA ќе ги намали трошоците за испорака за 750 евра по контејнер за увоз во Франција од Азија.
Податоците објавени на почетокот на август покажаа дека француската инфлација во јули била на рекордно ниво од 6,8 отсто.
Инфлацијата скокна низ целиот свет по почетокот на руско-украинската војна, што доведе до нагло зголемување на цените на енергијата, потсетува Пословни.











