Три нови иницијативи за економски раст договорени од Деспотовски и Нобутани

35

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и Претседателот на Јапонската организација за надворешна трговија JETRO договорија три нови иницијативи за економски раст, базирани на соработка помеѓу македонската и јапонската економија и компании.

“JETRO има мрежа која покрива над 2 милиони јапонски мали и средни компании и им нуди различни инструменти за поддршка за инвестиции. Веќе договоривме соработка не само во делот на привлекување на јапонски инвеститори туку и заднички проекти меѓу компании од двете земји особено во ИТ секторот, енергетика и градежништво во делот на обнова на Украина, како и директна поддршка за македонските стартапи,” изјави Деспотовски по средбата.

Претседателот на JETRO Нобутани изрази целосна подготвеност за поддршка на ТИРЗ и Владата на С.Македонија и лична заложба за забрзана реализација на новите иницијативи за засилен економски раст.

Деспотовски имаше средба и со гувернерот на јапонската Банка за меѓународна соработка ( JBIC), Нобумитсу Хајаши со кој договорија подрршка на потенцијални заеднички проекти на македонски и јапонски градежни компании во рамки на обновата на Украина. Гувернерот Хајаши изрази подготвеност за поддршка на вакви инвестиции.

“Со гувернерот зборувавме за конкретни иницијативи. Поддршката од една ваква банка како Јапонската Банка за меѓународна соработка отвора значителен потенцијал за ангажман на македонските компании во меѓународни проекти,” изјави Деспотовски.

Деспотовски е во неколкудневна работна посета на Јапонија организирана во соработка со Јапонската амбасада во С.Македонија. Целта е презентација на инвестициските можности во нашата земја. Деспотовски имаше средби со неколку од поголемите стопански комори, бизнис асоцијации, компании и државни институции на оваа земја.