Три работи кои годинава не треба да ги правите со вашиот бизнис

25

biznis

Фото: Pixabay

Додека почетокот на годината е уште свеж, одлично време е да ги направите потребните промени во фунцкионирањето на вашиот бизнис. Кои се најважните работи што не треба да ги правите годинава, дознајте во продолжение.

Користење на застарена технологија

Застарена технологија може само да го забави вашиот бизнис. Нова година, време за нова модерна технологија. Не дозволувајте да бидете зад другите само затоа што вашиот систем се уште не е апдејтуван. Направете ги потребните промени, набавете ја потребната технологија, освежете го инвентарот. Заменете ги факс машините, старите машини за фотокопирање и скенирање. Инвестирајте во мултифункционален принтер со кој истовремено ќе можете да копирате, скенирате и принтате и користете cloud факс сервис за испраќање на документи.

Истото важи и за состаноците, заменете го вашиот обичен планер со модерен таблет каде ќе има инсталирано посебни алатки за фаќање забелешки, закажување на состаноци и слично. Така ќе бидете попродуктивни, а соработниците и клиентите ќе ве гледаат како прогресивен/на личност. Исто така што е многу важно, ќе заштедите и пари.

Натпревар со големите брендови

Доколку мислите дека големите имиња се ваша конкуренција, голема е веројатноста да пропуштате добри маркетинг можности. Наместо обидот да ги преземете големите синџири во вашиот град, искористете ја локалната предност која ја имате за да ги придобиете клиентите. Можеби не можете да се натправарувате со големите попусти што големите компании си ги дозволуваат, но можете да понудите уникатни производи и добра услужна дејност кои не можат да се споредуваат со големите брендови.

Наместо да се натпреварувате со конкуренцијата, размислете како да допрете до локалните потрошувачи. Фокусирајте се на уникатноста на вашиот бренд и клиентите ќе почнат да се интересираат.

Залудно трошење на времето

Направете добра стратегија кога станува збор за распределба на времето. Секојдневно трошиме барем час, два на непотребни работи (како одредени состаноци) и потоа немаме време за важните нешта.

Можеби најмногу се губи време во состаноците каде секој вработен презентира што сработил изминатата недела, односно ги информира останатите за својот статус. Многу често присутните планираат што самите ќе кажат, па така воопшто и не слушаат што зборуваат нивните колеги. Наместо тоа, може да се искористи алатка за апдејт на ваков тип на информации, каде секој задолжително ќе ги запишува своите сработени задачи и така сите ќе бидат информирани како тече работата.

И за крај, штом ќе ги поставите вашите нови цели за новата година, споделете го тоа со останатите за да бидете сигурни дека сите ќе работите на нив заедно, за доброто на бизнисот.