
Фото: Pixabay
Потпретседателот и поранешен извршен директор на Oracle, Марк Хард, преку LinkedIn се обиде да ја поедностави формулата за успешно лидерство. Според него, за одличен лидер потребни се три работи:
1. Вистинска стратегија
2. Извршување на стратегијата
3. Да се стават вистинските луѓе на вистинското место
Според Хард, избирањето на вистинската стратегија во денешно време е најважна од било кога порано, затоа што денес светот се движи многу брзо. Вкусот и потребите на потрошувачите се менуваат многу побрзо и подраматично од порано. Откако ќе се креира, стратегијата не може да се изврши ако немате вистински луѓе за тоа. Откако ќе се формулира стратегијата и ќе се оптимизираат операциите за нејзино извршување, извршните директори и другите топ лидери мораат да изградат менаџерски тим кој навистина ја разбира големата слика.