Три совети како да ги подобрите своите менаџерски перформанси

39

strelka-nagore

Фото: Pixabay

Како менаџер, ако често се чувствувате како да не сте на иста бранова должина со вашите колеги или претпоставени, можеби е време да се промените. Ако чувствувате дека кариерата ви се распаѓа, не плашете се критички да го испитате своето бизнис однесување. Секогаш можете да ја подобрите својата ефикасност, без разлика колку долго работите. Покрај тоа, секогаш можете да научите нешто ново, бидејќи улогата на менаџерите бара трпение, посветеност и постојан напредок.

Ако се мачите во улогата на тим лидер, пробајте ги овие совети:

Разговарајте со вашиот тим на вработени

Не сте сигурни дали проблемот е во вас? Најлесен начин да се дојде до заклучок е искрено да разговарате со својот тим. Прашајте ги за повратни информации за вашата работа. Ако ве мачи искреноста на одговорите, секогаш можете да спроведете анонимно истражување.

Лоцирајте ги областите што имаат простор за напредок

Најверојатно секоја година добивате извештаи за својата работа. Сепак, ако мислите дека постои било каков проблем, не чекајте годишен извештај за да направите нешто. Кога се чувствувате беспомошни, заземате одбранбен став и генерално ќе ви опадне расположението. Понекогаш може дури да ви падне на памет и мислата да се откажете. Тоа не е опција. Без разлика на високата позиција во компанијата, вие сте само човек и сте ранливи, како и секој друг.

Најдете ментор

Вие не сте единствениот со проблеми во кариерата. Повеќето од луѓето се нашле во таква ситуација и треба да побарате совет од оние кои мислите дека можат да ви помогнат. Побарајте ментор – некој кој долго време ја работи истата работа, без разлика дали тоа лице е во или надвор од вашата компанија. Може да се обидете да најдете повеќе ментори. Паметно изберете и не плашете се да ги признаете проблемите со кои се бориме.

Со други зборови, бидете свесни дека секогаш постои простор за напредок. Ако сте отворени и позитивни, секогаш постои начин да се ослободите од пречките пред вас.