Три совети за преживување неуспех

36

neuspeh-pixabay

Фото: Pixabay

Вие сте амбициозен претприемач, основавте компанија, извадивте нов производ, но и покрај тоа… ништо од успехот! Виновни се пазарот, конкурентните банки, државата, морето, било кој. Кога еден човек ќе се сретне со деловен неуспех, кога ќе изгуби пари или ќе добие отказ, него не му е лесно да ги погледне семејството, пријателите, односно себе во огледало.

Во написот на Harvard Business Review во врска со тоа како да се преживее деловниот неуспех, се препорачува мудроста на успешниот Хенри Форд: „Неуспехот е прилика за повторен, попаметен почеток“. Полесно е да се каже отколку да се направи, особено кај луѓето чии лични карактеристики не дозволуваат оптимистички поглед на светот. Еве неколку совети за полесно преболување на неуспехот:

1. Признајте си го сами на себе правото на тага – Многубројни претприемачи имаат визија на светот која оди прилично линеарно: смислуваат производ, го ставаат во промет, луѓето го користат, следи профит. Слично како кога спортистите вежбаат за да постигнат резултати или како кога говорниците вежбаат за јавен настап. Кога сето тоа нема да тргне по зацртаната насока (а најчесто е така во животот), луѓето го опишуваат чувството на скршено срце. Ако себе си не си дадете дозвола за чувство на тага поради неуспех, ги ризикувате страста и волјата за работа и напредување.

2. Неуспехот не е референдум на компетенциите – Доколку некој одлучи неуспехот за некој потфат да значи и неуспех за самата личност и ако сакате, проект на сопствената личност, срамот ќе ги потопи сите идни планови и соништа. Стручњаците кажуваат дека таа тенденција е особено силна кај професионалните спортисти, војници и во корпоративниот свет. Кога етосот „Убиј или умри“ е всаден во потсвеста на една личност, тогаш неуспехот речиси се изедначува со смртта. Неуспехот не смее да ги ограничи соништата и волјата за иновација. Еден начин за тоа е  да продолжиме да учиме од неуспехот.

3. Научете ја вистинската порака – Хенри Форд паѓаше и се креваше, учеше од своите грешки и на крај – триумфираше. Писателката на Хари Потер, J.K.Rowling рече дека „ дното на дното“ станало цврста основа за изградба на нејзиниот живот, кога ѝ било најтешко. Пораката и во едниот и во другиот случај е дека треба да се знае кои искуства да се присвојат од грешките. Ако некое вложување пропаднало, не значи дека никогаш повеќе не треба да се вложува, ако еден софтвер не пронашол корисници, тоа не значи дека тие не ни постојат. Неуспехот треба да се стави на свое место.