Три типа на вработени што први добиваат отказ

18

relax

Фото: Pixabay

Добрите работници можат да ја однесат компанијата на врвот, но тука се и оние другите чие однесување и (не)дела можат да нанесат само штета на целиот тим. Ова се три типа на вработени кои поради своето однесување се први на отказната листа.

Драматург

Овој тип на вработен/а работи многу… на озборување и драматизирање на ситуациите. Нивните приказни “зад сцената” најчесто се негативни, а таквиот став може да биде заразен. Ова доаѓа до израз кога “драматургот” го свртува вниманието кон раководството на фирмата предизвикувајќи општа ненаклонетост кон менаџментот, што води кон поголеми проблеми во организацијата. Доколку ваков тип на вработен се најде на раководна позиција, ситуацијата може да стане навистина деликатна.

Жртва

Една од најтешките работи кај менаџирањето со вработените е како да се излезе на крај со оние кои постојано глумат жртви. Овој тип на луѓе одбегнуваат да ги признаат последиците од своите дела и најчесто обвинуваат други за лошите резултати. Секогаш имаат изговор, а нивните постојани жалби ги забележуваат и колегите на кои секако не им е сеедно. Некои од нив честопати се однесуваат како да се болни, па така “жртвата” неретко отсуствува од работа, причина повеќе да се предизвика револт кај останатите.

Бунтовник (без причина)

Бунтовникот без причина обично ги крши правилата, од наједноставните до најкомплексните. Ако постои процедура како нешто треба да се направи, овие вработени ќе работат спротивно на неа, секој пат. Сепак бунтовникот не го прави тоа секогаш намерно или свесно. Едноставно не слушаат и мислат дека знаат и умеат најдобро. Некои се бунтуваат зошто сакат да се разликуваат и да работат по свое и нивното отстапување честопати носи проблеми во компанијата.

Постојат различни типови на бунтовници, а најлош е оној што презема улога на лидер. Без разлика дали е бунтовник во позитивна или негативна смисла, тоа се оздразува на моралот на останатите вработени, кои ќе се запрашаат зошто некој мора да ги почитува правилата, а друг не.