Секој заработува различно, но тоа не значи дека оние со ниски примања не можат да заштедат. Затоа, правилата за “фиксни износи“ за заштеди, без оглед дали се на дневна или неделна / месечна основа, честопати се помалку корисни.
Затоа, важно е да бидете свесни за овие работи кога ќе одлучите да заштедите:
1. Прво треба да се воспоставите цел. Сè зависи од тоа. Ако имате пари, но не и цел кон која се стремите, односно значајна причина за штедење – најверојатно нема да успеете во вашиот потфат, бидејќи ќе потрошите пари на “првата кривина“. Што поголемата и позначајна цел – подобра и подолгорочна заштеда, без разлика дали заштедувате за стан, бизнис, автомобил, патување или нешто друго.
2. Прво фиксни трошоци, па сè друго. Повторно доаѓаме на темата поврзана со фактот дека поентата не е во износот што се трга на страна, туку во стратегијата. Кога ја примате платата, прво “ослободувате“ од месечните трошоци што следуваат на наплата на секои 30 дена. На пример, сметка за струја, вода, мобилен телефон … Од она што ви остана, одвојте одредена сума за храна и дневни потреби и што останува – може да се стави во каса. Ако имате цел – лесно ќе одолеете на непотребни трошоци, како што се нова маица, парфем или нешто друго.
3. Мерете ја заштедата во проценти. Водете се според процентите. На пример, одвојувајте 5 или 10 % од парите за на страна секој месец, но обидете се да не ја намалувате сумата, со цел да го следите континуитетот.
Фото: Freepik