Триглав изгуби 2,3 милиони евра во Македонија

186

Осигурителната компанија Триглав, односно ќерка компанијата Триглав Осигурување АД (поранешно Вардар Осигурување) мораше летово на македонската трговско-производствена фирма Матекс да и исплати 2,3 милиони евра оштета, камати и трошоци поврзани со тужбата поднесена од страна на Матекс. Станува збор за штета настаната при грабеж и пожар во 2001 година шест години пред Триглав да го купи Вардар Осигурување.

Македонскиот врховен суд пресуди дека на Матекс му настанала штета заради грабеж и пожар. Осигурителната компанија Триглав мора да ја плати штетата, иако по информациите објавени во словенечкиот бизнис весник Finance се обидела да докаже, дека штетата е настаната поради воени операции. Како за потсетување, во времето кога е настаната штетата на Матекс,  во тој регион се одвиваше конфликтот помеѓу македонската полиција и албанските екстремисти.

На Заваровалница Триглав, која во моментов е под раководство на Матјаж Раковец, и  преостанува уште да поднесе тужба до европскиот суд. За поднесување на тужба се уште размислуваат. Велат дека Триглав Осигурување АД  работи согласно планот ( во првата половина има обезбедено вкупни премии во износ од 10,3 милиони евра бруто полисирана премија и има исплатено 5,4 милиони евра по основ штети). До крајот на годината се очекуваат до 25 милиони евра од меѓународната финансова корпорација ИФЦ, која највероватно ќе го докапитализира Триглав ИНТ, односно компанијата  преку која што Заваровалница Триглав е сопственичка на осигурителните компании на Балканот.

Се поставува прашањето, дали во 2007 година кога Триглав купи удел од 70 % од македонската осигурителна компанија  за 38 милиони евра, знаел што купува и кои тужби може да ги изгуби.

Дамјан Михевц, тогашниот прв човек на надзорниот одбор на Триглав вели, дека, како што се сеќава со таква тужба надзорниците не биле запознаени.

Тогашниот претседател на управата на Заваровалница Триглав Андреј Коциќ моментално првиот човек на германската осигурителна компанија Ерго во Словенија, за Finance изјави дека групацијата Триглав пред секое превземање врши детален преглед, во кој што учествуваат одговорни професионалци од сите сфери. Потоа според Коциќ секогаш се вршели проценки, кои не ретко ги вршеле и надворешни соработници. „ Помеѓу основни задачи на деталниот преглед спаѓаат и прегледот на отворените штети како и прифатливоста на обликуваните осигурително-технички резервации. Во резултат на прегледот е, како што вели Коциќ секогаш и оцената на адекватноста на поединечните сметководствени ставки, како што се финансиските ставки и осигурително-техничките резервации. Коциќ потоа наведува, дека во случај Управата на Триглав да дошла до сознание дека постои недостаток на резервации на штета односно други пасивни билансни ставки, тоа непосредно би имало влијание на оцената на вредноста на осигурителната компанија. Во конкретниот пример, односно при купувањето на осигурителната компанија Вардар, прегледот извршен од страна на Триглав го провери и надворешна ревизорска куќа, со што, како што вели Коциќ дополнително се намалува ризикот од грешки при проценката.

(Finance)