Триглав Осигурување Скопје оствари повисока премија во споредба со истиот период лани

42

Triglav-osiguranje

Групацијата Триглав во првите три месеци од 2015 година со добро работење го задржа високото ниво на финансиска стабилност, се вели во соопштението.

Триглав Осигурување Скопје во првите три месеци од 2015 година работеше успешно. Во периодот од јануари до март оваа година има остварено 5,2 милиони евра премија од осигурување, што е за 9% повеќе во однос на истиот период минатата година. Друштвото за осигурување исто така успеа да ги намали бруто трошоците за работење за 3% во споредба со минатата година.

“Овие резултати се резултат на нашата посветеност да обезбедиме врвен квалитет во сите аспекти од работењето на Друштвото, квалитетот на нашите производи, услугата што им ја обезбедуваме на нашите клиенти, ефективните процеси на решавање на штети, финансиската стабилност на Друштвото, сето тоа како резултат на бизнис стратегијата што ја следиме и спроведуваме. Триглав Осигурување е прв избор на македонскиот пазар на неживотно осигурување и нашата интенција е дополнително да ја зајакнеме позицијата на компанијата кај клиентите, да придонесеме кон натамошен развој на осигурителниот пазар во Македонија и да продолжиме на нудиме нови производи и услуги, во согласност со потребите на пазарот“, изјави Сања Танчевска, извршен директор на Триглав Осигурување Скопје.

Во структурата на бруто полисираната премија од осигурување и соосигурување на друштвата на групацијата Триглав, премијата на Триглав Осигурување Скопје има удел од 2,1%.

И покрај сложената ситуација, една од водечките финансиско осигурителни групации во регионот Адриа реализираше нето добивка од 31,1 милиони евра, што значи раст од 22% во однос на истиот период минатата година. Групацијата на осум пазари постигна раст од 2% во бруто полисирана премија од осигурување, којашто изнесува 260,1 милиони евра. Успешното работење на групацијата Триглав во основната дејност се одразува на комбинираниот количник (92,3%), којшто споредено со истиот период минатата година се подобри за 6,2 процентни поени. Триглав Осигурување Скопје, како дел од групацијата Триглав, во првиот квартал од 2015 година, работеше успешно и оствари за 9% повисока премија споредено со истиот период минатата година.

Групацијата Триглав го зачува високото ниво на финансиска стабилност, што го потврдуваат оценките на бонитет A- на агенциите Standard&Poor’s и A.M.Best. Тоа со крајот на првиот квартал од 2015 година ја покажува целокупната вредност на капиталот, која е повисока за 9%, и истата изнесува 747,6 милиони евра и зголемените бруто технички резерви (2.675,6 милиони евра), поголеми за 15% во однос на првиот квартал од минатата година. Споменатите вредности се гаранција и основа за врамнотежено работење и за обезбедување на долгорочна безбедност на осигурениците.

Комбинираниот количник на групацијата Триглав, показател на успешноста во основната осигурителна дејност, на крајот од првиот квартал изнесуваше 92,3%. Споредено со истиот период минатата година тој е подобрен, што значи дека е намален за 6,2 процентни поени. Таквото движење е одраз на отсуството на вонредни штетни случаи во првиот квартал од оваа година, за разлика од лани. Комбинираниот количник на матичното друштво изнесуваше 89,6%, што е за 9,9 процентни поени помалку во споредба со истиот период минатата година.

И покрај знаците за опоравување на економијата, ситуација на повеќето пазари каде работи групацијата Триглав не е многу подобрена. Повеќегодишната економска криза ги промени куповните навики на осигурениците, го намали нивниот број и тоа посебно во сегментот на правните лица, го намали обемот на осигурување и поттикна агресивна и интензивна конкуренција на пазарот. И покрај сложената ситуација, групацијата Триглав на осум различни пазари забележа раст од 2% во бруто полисираната премија од осигурување, којашто изнесува 260,1 милиони евра. Порастот на премијата е првенствено резултат на придружувањето на новото друштво за осигурување, Skupne pokojninske družbe, во Словенија и зајакнување на осигурителната премија кај поголемиот број на зависни осигурителни друштва во рамките на групацијата Триглав.

Случувањата на пазарите на капитал и припојувањето на Skupne pokojninske družbe влијаеа на 35% поголем поврат на финансиската инвестиција на групацијата Триглав во однос на истиот период минатата година (вредност од 45,1 милиони евра).

Бруто оперативните трошоци на групацијата се за 2% повисоки споредено со истиот период минатата година и изнесуваат 69,4 милиони евра. Зголемувањето првенствено се должи на повисоките деловни трошоци заради вклучување на ново друштво во групацијата Триглав и јакнењето на продажната мрежа во некои зависни друштва. Бруто оперативните трошоци на матичното друштво остануваат на ниво од минатогодишниот период, предмет на разгледување.