Триглав Осигурување – Скопје со раст на бруто полисирана премија од 12,4% во првото полугодие

45

triglav-

Во првата половина од годинава Триглав Осигурување – Скопје оствари раст на бруто полисирана премија од 12,4%.

„Значајниот пораст во бруто полисираната премија од повеќе од 12% во најголема мера се должи на фокусот на компанијата кон развој на сопствената продажна мрежа“, вели Сања Танчевска, извршен директор на Триглав Осигурување.

Во иднина планираат раст на пазарниот удел усогласен со растот на пазарот на неживотно осигурување и во согласност со стратешките насоки на групацијата за профитабилно и сигурно работење.

Компанијата соопшти дека во првата половина од оваа година доби од Агенцијата за супервизија на осигурување лиценца за продажба на нов осигурителен производ во доменот на здравственото осигурување. Со тоа, како што стои во соопштението, Триглав Осигурување ќе може да го прошири својот спектар на осигурувања и на клиентите да им обезбеди дополнителна сигурност, што се очекува од водечката македонска осигурителна компанија.