Триглав подготвен да плати 250 милиони евра за Кроација осигурување

26

triglavНадзорниот одбор на словенечката осигурителна куќа Заваровалница Триглав ја поддржа намерата на Управата на Андреј Слапар за поднесување понуда за мнозински удел во хрватската Кроација Осигурување, соопштија од Триглав по седницата на надзорниот одбор, пишува Финанце. За Кроација осигурување се подготвени да платат 250 милиони евра.

Хрватска сака да продаде 55% од најголемата осигурителна куќа во земјата, а за себе би задржала една четвртина од уделите.

Нето добивката на Триглав групата во првата половина на 2013 година изнесуваше 45,6 милиони евра, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период лани. Нето деловните резултати на матичното друштво, Заваровалница Триглав, во првото полугодие изнесуваа 37,5 милиони евра, што е 50% повеќе во однос на истиот период минатата година, соопшти Триглав група.