Триглав во преговори за купување удел во Сараево осигурување

26

triglavСловенечкото осигурително друштво Триглав ги почна првите разговори за купување на удел во Сараево осигурување, пишува Дело повикувајќи се на неофицијални извори, пренесува Seebiz.

Триглав осигурување веќе е сопственички вмешан во Сараево осигурување преку своите фондови Триглав Наложбе и Триглав Склади, кои се поврзани со инвестицискиот фонд Проф Плус Сараево, кој пак во Сараево осигурување има 5% удел.

Државната сопственост во Сараево осигурување е 45,49% капитал, а неговата продажба е предвидена со планот на Агенцијата за приватизација на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Генералниот директор на Триглав, Матјаж Раковец, претходно изјави дека оваа осигурителна компанија е заинтересирана за купување на хрватското Кроација осигурување и српското ДДОР. Меѓутоа, од ДДОР порачаа дека не се на продажба.