Трикови на супермаркетите како да трошите повеќе пари

31

kolicki-supermarket-pixabay

Фото: Pixabay

Секој дел од супермаркетот, од паркингот до касите е дизајниран да потрошите повеќе пари од планираното и да купите повеќе храна од тоа што ви треба.

Дури и ако имате листа на производи што треба да ги купите, триковите со кои се служат трговците ќе ви извлечат повеќе пари од џебот. За какви трикови се работи, пишува Бизнис инсајдер:

Преголеми колички

Количките се измислени во 1938 година и тогаш биле многу помали од денешните. Тоа не е случајно така. Празната количка потсвесно ќе ве натера да купувате повеќе, а со тоа повеќе и ќе платите.

Манипулација со бои

Боите имаат моќно влијание врз потрошувачите. Маркетите некако успеале црвената боја да поврзат со распродажби и затоа секогаш кога ќе видите црвена цена, нема да можете да се воздржите.

Овошјето е на влезот на супермаркетот

Во повеќето продавници овошјето и зеленчукот се наоѓаат на самиот влез. Здравата храна, силните бои и мириси докажано ја зголемуваат потрошувачката.

Намерно комплицирање на цените

Некои работи се спакувани, некои се продаваат на кило, некои на парче. Се е тоа намерно за да може потешко да се споредат цените.

Ве тераат да одите

Важните производи како леб и месо секогаш се на крајот на маркетот. Така ќе морате да поминете покрај многу производи и да останете подолго во продавницата.

Мирис на свеж леб

Многу од супермаркетите практикуваат да печат леб и други пецива внатре во пекарата. Мирисот на тазе печен леб ќе ве огладни и ќе сакате се да купите.

Одите на лево

Повеќето продавници се направени така што од десно одите на лево, каде што е излезот. Ни тоа не е случајно, затоа што луѓето по правило купуваат работи од десните полици.

Манипулација со децата

Скапите ситници, како гуми за џвакање и чоколатца се наоѓаат на висина на детските очи. Истите работи ги има и на касата, па кога ќе ги фати нервоза од чекањето, ќе им купите нешто да се смират.

Комбинирање на производи

Намерно се комбинираат работи што одат заедно, на пример пиво и чипс.

Бел ѕид

Месото и рибата се продаваат пред бели ѕидови. Така изгледаат посвежи.