Трите компоненти на довербата

58

pregovori-pixabay

Фото: Pixabay

Довербата тешко се стекнува и лесно може да се загуби. Но, што е тоа што прави да ѝ веруваме на една личност? Експертите велат дека довербата се состои од три столба што мора одлично да функционираат за да можеме да се потпреме на некого – компетенција, доследност и карактер.

Компетенција

Ако некоја личност не може да ја изврши задачата што ја сакате едноставно смешно ќе биде да ѝ верувате дека ќе умее да го стори тоа. Да се има знаење, способност, ресурси и капацитет да се изврши задачата е основа на довербата. Ова е причината зошто сведоштвата, препораките и одобрувањата од претходни клиенти се толку важни. Тие обезбедуваат надворешни докази за тврдењата на давателот на услугата или производителот.

Карактер

Според овој контекст, кога се зборува за карактерот се мисли на искреноста, интегритетот и верувањето дека другата личност ги гледа вашите потреби како свои. Недостатокот на доверба во бизнис зделките, особено во оние сложените, често се темели на подготвеноста да се верува дека презентираната информација е точна, дека нема скриено или изоставено важна информација и дека другата страна не сака само набрзина да заработи, туку дека тие ќе ги испорачаат производите или услугите што ги ветуваат. Генерално гледано, сосема прифатливо е личноста или компанијата да си ги гледа своите интереси — треба да заработат за да останат во бизнис. Но, како и да е вие сакате да знаете дека другата страна не се грижи само за себе, туку ги зема во предвид и вашите потреби и желби.

Доследност

Личноста или организација можат да имаат способност да завршат одредената задача, односно талент да го направат тоа што се очекува. Но, ако нивните производи не се со постојан квалитет, не ги испорачуваат до клиентот на време или тие како даватели на услуги не се појавуваат, добиваат само негативни поени. Во многу сектори со услужна дејност има голем број на компетентни техничари, но ако не се знае дали и кога тие ќе дојдат да си ја завршат работата, вие не сте во можност да се потпрете на нив.