Цената на гасот во Европа се зголеми за 30 отсто

47

Цената на гасот во Европа денеска се зголеми за 30 отсто и надмина 2.850 долари за 1.000 кубни метри, откако целосно беше прекината испораката на Северен тек 1, пренесува ТАС С повикувајќи се на податоци на лондонската берза ICE.

Гасот за испорака во октомври е договорен во центарот TTF во Холандија по цена од 2.853 долари за илјада кубни метри, што е 279 евра за мегават-час (MWh), по тековниот курс од евро-долар.

Во петокот, 2 септември, Газпром изјави дека при редовно одржување на гасоводот, откриено е истекување нафта во единствената работна единица во близина на Санкт Петербург, што предизвика прекин на испораката на гас во Европа преку Северен тек 1.