Цената на нафтата утринава со нов скок

Цената на нафтата утрово бележи пораст.

Според податоците на oilprice утрово цената на нафтата Брент достигна 109 долари. WTI се тргува по цена од 104 долари за барел.

Трговците повторно се фокусираа на проценката на IEA дека руската нафта може да биде намалена за три милиони барели дневно во април поради санкциите наметнати врз руските компании и банки по руската инвазија на Украина.

Така, понудата би се намалила три пати повеќе од побарувачката поттикната од високите цени, предупреди IEA во извештајот објавен во средата.

„Во моментов, и понудата и побарувачката се погодени, но понудата е посилно погодена“, соопшти банката SEB, прогнозирајќи тесна понуда во следните два квартали. Нафтениот пазар не реагираше на вчерашната одлука на Федералните резерви на САД да ги зголеми клучните каматни стапки за четвртина процентен поен, што беше и очекувано.