
Трошоците за работна сила по час во еврозоната пораснале за 5,7 отсто во последниот квартал од минатата година, покажуваат податоците на Евростат.
Исто така, во земјите од Европската унија (ЕУ) цената на просечната саатница е зголемена во последниот квартал од минатата година, за 5,8 отсто во однос на истиот период во 2021 година, пренесува Мина.
Саатниците во ЕУ се зголемени за 4,1 отсто во третиот квартал, а за 3,7 отсто во еврозоната.
Во земјите од ЕУ, во последниот квартал од минатата година, саатниците најмногу пораснале во Бугарија, дури 16,1 отсто, потоа Литванија со пораст од 15,5 отсто и Унгарија со 12,4 отсто.
Фото: Pixabay











