Цените во земјоделството во ноември оваа година, во однос на претходниот месец, кај инпутот се намалени за 1,4%, додека кај аутпутот се бележи намалување од 1,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во ноември 2019 година, во споредба со ноември 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 98,5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99,4.
Во делот аутпут, во ноември 2019 година, во споредба со ноември 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 98, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101,7.
Фото: Pixabay