Цените на гасот во Европа паднаа на најниско ниво од почетокот на војната во Украина

54

Цените на гасот во Европа паднаа на нивоата што последен пат беа видени пред почетокот на руската инвазија на Украина во февруари. Сегашната цена е 76,78 евра за мегават час. Потоплото време низ европскиот континент ја намали загриженоста за потенцијалниот недостиг.

Инвазијата ги разбранува глобалните енергетски пазари и ги принуди европските земји, вклучително и индустриската централа Германија, да бараат алтернативни снабдувачи.

Европа продолжи да се потпира на рускиот гас дури и по руската анексија на Крим во 2014 година и поддршката за сепаратистите во источна Украина.

Неделава пад е забележан и кај цените на нафтата на светските берзи поради загриженоста од зголемениот број случаи на Ковид-19 во Кина, најголемиот увозник на нафта во светот. Во текот на вчерашното тргување нафтата од типот Брент се продаваше за 0,8 проценти поевтино во споредба со претходниот ден и изнесуваше 83,65 долари за барел.  Американската сурова нафта падна за 46 центи, или 0,6%, на 79,07 долари за барел.