Цените на гасот во Европа продолжија да паѓаат на почетокот на годината

50

Цените на гасот во Европа продолжија да паѓаат на почетокот на годината благодарение на невообичаено благите зимски температури.

Денеска ТТФ објави извештај дека холандскиот гас почна да се тргува по цена од 70,30 евра за мегават-час. Последен пат европскиот гас беше толку евтин во февруари 2022 година, пред почетокот на војната во Украина.

Рекордните цени по кои лани се тргуваше гасот достигнаа 345 евра. Во тоа време, прекинот на испораките на руски гас предизвика „бум“.

Благи временски прогнози сега ја намалуваат потрошувачката. Почетокот на новата година во Германија донесе температури и над 20 степени. Германската метеоролошка служба го забележа најтоплиот новогодишен ден откако е измерена температурата. Покрај тоа, во последно време значително повеќе енергија се произведува од енергијата на ветерот, што ја намалува потрошувачката на гас за производство на електрична енергија.

Според германски Велт, а според податоците на Европската асоцијација за магацини GIE, нивото на утовар на сите германски магацини за новогодишната ноќ изнесува 90,12 отсто. Резервите се зголемуваат единаесетти ден по ред.