
Цените на храната во светот во мај беа најниски во последните две години, се наведува во денеска објавениот извештај на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) на Обединетите нации.
Индексот на цените на храната на ФАО падна од 127,7 поени во април на 124,3 поени, што е исто како и во мај.
Резултатот од мај е за дури 35,4 поени, или за 22,1 отсто, понизок од рекордната вредност на споменатиот индекс, која беше забележана во март 2022 година, се наведува на веб-страницата на ФАО.