Цените на нафтата бележат пад

198

Цените на нафтата останаа во слабата трговија под 86 долари во петокот, попречена од загриженоста за кинеската побарувачка поради новиот бран на „Ковид-19“ и претпазливоста на трговците во очекување на договор од западните земји за ограничување на цената на руската нафта.

На лондонскиот пазар цената на барелот утрово се тргува по цена од 83,63 долари. На американскиот пазар со барел се тргува по цена од 76,28 долари.

Американските пазари беа затворени во четвртокот за Денот на благодарноста, а намалениот обем на тргување продолжи до петок, пренесува Мина.

Трговците се загрижени за ширењето на Ковид во Кина, најголемиот увозник на нафта во светот. Во петокот, Кина објави нов рекорден број случаи на „Ковид-19“, а градовите продолжуваат да спроведуваат мерки за спречување на новиот бран на ширење на вирусот, ограничувајќи ја подвижноста.