
Според податоците на веб-страницата OilPrice, цената на нафтата брент во сабота е 74,17 долари за барел, додека нафтата WTI е 70,04 долари.
Цените на нафтата се стабилизираа под 75 долари, балансирајќи помеѓу проценките за недоволна понуда и знаците за забавување на американската и кинеската економија.
На лондонскиот пазар цената на барелот во петокот беше речиси непроменета во однос на четвртокот и изнесуваше 74,93 долари. Позначителни ценовни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде барелот се тргуваше по 70,91 долари, пренесува.