Цените на куќите растат во речиси секоја голема економија од појавата на пандемијата на коронавирусот, најмногу во последните две децении, поттикнуваjќи загриженост кај економистите за потенцијалните закани за финансиската стабилност. Годишниот раст на цените во богатите земји на ОЕЦД достигна 9,4% во првиот квартал од 2021 година.
Од 40 земји опфатени со податоците на ОЕЦД, само три ги одржаа цените на недвижностите во првите три месеци од оваа година.
Историски ниските каматни стапки, заштедите акумулирани за време на карантинот и желбата за повеќе простор за работа од дома, поттикнаа зголемување на цените, велат аналитичарите.
Фото: Pixabay