Фото: Pixabay
Црниот домат станува хит меѓу земјоделците ширум светот. Станува збор за зеленчук со соленикав вкус, богат со антиоксиданси, којшто се произведува и во Србија, пренесува Информер.
“На интернет пронајдовме фирма што продава егзотични и необични семиња за нашите простори, а меѓу останатото, наидовме и на црн домат. Нарачавме и добивме многу малку, можеби седум до десет семки најмногу, што за таа количина не е воопшто евтино. Нешто од тоа не успеа, додека нешто успеа, па уште малку и ќе ги пробаме“, вели Зоран Павловиќ, кој се занимава со земјоделие.
Овој вид на домат е специфичен по бојата на кората, којашто настана со вкрстување на неколку видови црвени домати и пред неколку години на еден голем саем во Америка е прогласен за највкусен зеленчук.
“Чувме дека е многу отпорно растение, до еден месец може да стои на стеблото и плодот да не пропадне, има соленикав вкус, но од внатре и не е толку црн“, додава тој.