
Според податоците на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ), приходите од туризмот во првиот квартал од годинава изнесуваат 119 милиони евра, што гарантира одлична туристичка сезона, изјави црногорскиот министер за економски развој и туризам Горан Ѓуровиќ.
„Според податоците на CBCG, приходите од туризмот во првиот квартал изнесуваат 119 милиони евра, што ако се спореди со минатата година кога изнесуваа 45 милиони и 2019 година кога беа 47 милиони евра, е неверојатен резултат“, рече Ѓуровиќ.
Тој изјави дека денеска во Црна Гора престојуваат 42.260 туристи, што е за 26 отсто повеќе од 2019 година.