Црвен картон за намерно кашлање – пандемијата ги менува правилата во спортот

82

Фудбалерите кои намерно ќе се искашлаат во правец на другите играчи или официјални лица може да добијат црвен картон, велат од Фудбалската асоцијација на Велика Британија, пренесува ВВС.

Ваквото однесување, според фудбалските власти, ќе се смета за прекршок од типот на “употреба навредлив јазик или гест“.

“Доколку е ненамерно, тогаш судијата нема да преземе ништо доколку кашлањето е со соодветна дистанца меѓу играчите“, велат оттаму.

Причина за ваква одлука е пандемијата од коронавирус што се пренесува преку кивање, кашлање…

Фото: Freepik